АПЕЛ: 12-годишниот Јован нема основни услови за живот татко му е во болница, итно е потребна пмош

Јован Лесовски има само 12 години и живее во село Ветрен, Делчево. Наместо безгрижно детство, деновите му минуваат во грижа и неизвесност.

„Неговиот татко, поради постоперативни компликации на рана, е повторно хоспитализиран, а Јован во овој тежок период е згрижен кај роднини, без секојдневната грижа и сигурност што му е потребна на едно дете. Семејството се соочува со сериозни животни предизвици.

Домот во кој Јован треба да се врати има потреба од реновирање, а недостигаат и основни апарати за домаќинство, како и храна и облека за секојдневен живот. Финансиските можности се ограничени, а состојбата е итна.

Секој ден без поддршка значи дополнителен товар за едно дете.

Затоа упатуваме апел до сите хумани луѓе, компании и институции – да помогнеме заедно. Секоја донација, без разлика дали е финансиска или материјална, значи чекор поблиску до сигурен дом и достоинствено детство за Јован. Донирај. Сподели. Помогни сега. Да не дозволиме Јован да ја води оваа битка сам,“ се вели во апелот на ecrowd.mk.

Средствата ќе бидат наменети за подобрување на условите во домот, како и обезбедување на потребите на малиот Јован и неговиот татко.

Со картичка: Донирајте онлајн преку eCrowd.mk, со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“.

Износот може да биде од 100 до 6000 денари дневно.

Со банкарска уплата: За поголеми износи, донирајте директно на сметката на Фондацијата ИКРАУД: Жиро сметка: 270078016610134 Цел на уплата: за Јован Шифра: 562 / донации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести