
Александар Јовановски е новиот градоначалник на Кичево
Александар Јовановски, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, е новиот градоначалник на Општина Кичево. Тој во вториот круг од локалните избори, кој се одржа вчера, освои 52,09% од гласовите и оваа е прва победа на партијата од 2009 година. Неговиот противкандидат, Фатмир Дехари, кандидат на коалицијата предводена од опозициската ДУИ и досегашен




























