(Фото) Потребни се средства за завршување на конзерваторските работи на фреските на црквата Пресвета Богородица во с. Јелошник

Црковниот одбор на црквата Пресвета Богородица од село Јелошник, во Општина Теарце бара финансиска или материјална помош за реставрирање на црквата.

Преку GoFundme до сега се собрани 3.400 долари и уште 1.000 надвор од платформата. Благодарејќи на донациите реставрацијата на иконостасот е завршена, а конзерваторските работи на фреските продолжуваат.

„Сè уште се потребни дополнителни средства за да се заврши реставрацијата на преостанатите фрески, па затоа сега започнуваме нова кампања за собирање средства.

Доколку сте во можност да ја поддржите или споделите кампањата, ќе ви бидеме длабоко благодарни. Ви благодариме што помагате да се зачува овој значаен дел од нашата историја, вера и наследство за идните генерации,“ велат од Црковен одбор на селото Јелошник

Црквата е осветена 1872 година, а моментално состојба е во крајно загрижувачка ситуација со голем број на оштетувања како од механички така и од хемиски карактер. Конзерваторскиот проект се однесува на ѕидното сликарство во црквата.

„Живописот е во многу ризична состојба. Имајќи предвид дека живописот е изведен во секо техника, влагата го деградира врзивото меѓу пигментите и тие отпаѓаат во вид на прашина. На живописот се воочуваат протекувањата на водата кои го имаат избришано боениот слој.

Поради видливите оштетувања кои се со различни големини, има потенцијална појава на лакуни и изгубен живопис,“ се вели во конзерваторскиот проект за изведување на конзерваторско-реставраторски зафати на ѕидното сликарство.

Средства може да уплатите и на сметка во Комерцијална банка, со назив МПЦ-ОА Скопје Тетовско-Гостиварска прав епархија Тетово-МЛ, број на сметка 300000003758883, со Цел на дознака: За црква „Пресвета Богородица“ с. Јелошник.

Повеќе информации може да добиете од Црковниот одбор Марјан 078 260 263 Миле 072 274 140.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести