Македонската в.д. амбасадорка во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, вчера била повикана во бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) за инцидентот со палењето на автомобилите на бугарската Амбасада во Скопје.
За тоа информираа од бугарското МНР, од каде инцидентот го отценија како “демонстративен чин на агресија без преседан во билатералните односи меѓу двете земји“.
Од таму потенцираа и дека со инцидентот биле доведени во опасност здравјето и животите на вработените во бугарската Амбасада, како и на граѓаните што во моментот на инцидентот се наоѓале во близина.
Бугарија очекува ефикасна истрага и соодветна судска разрешница за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
8-дневен притвор за осомничениот за палењето на автомобилте на бугарската Амбасада
Фото: бугарско МНР












