Осомничениот за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада наполнил бензин во пластично шише од бензинска во близина: Детали од Обвинителството

44-годишниот И.Д., кој е осомничен за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада, во пластично шише, наполнил бензин на бензинска пумпа во близина на Амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 44-годишен И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска Амбасада: Детали од МВР

До булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, каде се наоѓа Амбасадата, дошол со автобус.

Овие информации ги соопши Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара притвор и поведе постапка против него за кривичното дело “Предизвикување општа опасност“, посочувајќи дека тој со пожарот предизвикал “значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“.

-Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин му е идол, а возилата на бугарската Амбасада ги запалил оти биле паркирани непрописно: „Слободен печат“ со нови детали за осомничениот

(Фото) Веста за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада во Скопје го обиколи регионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести