(Видео) 44-годишник со иницијали И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска амбасада: Детали од МВР

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

„Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка,“ велат од МВР.

Видеото ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарени две дипломатски возила пред бугарската Амбасада во Скопје

Палењето на автомобилите е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, велат од МНР на Бугарија

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести