Две возила со дипломатски регистарски таблички кои биле паркирани пред бугарската Амбасада во Скопје, биле опожарени денеска околу пладне.
Засега нема многу официјални информации, а според првичните неофицијални информации било опожарено едно возило, по што огнот го зафатил и тоа паркирано до него, и дека возилото било намерно запалено.
Осуда за вандалскиот чин стигна и од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Објавена снимка од палењето на дипломатските возила на бугарската Амбасада
Опожарените возила се во сопственост на бугарската Амбасада, осуда и од МНР
Осуда за опожарувањето на дипломатските возила пред бугарската Амбасада од Владата
Фото: Фејсбук/бугарска Амбасада












