(Видео) Која песна за Светското првенство во фудбал, ќе биде поголем хит, таа на Шакира или на Дубиоза Колектив

Светската музичка ѕвезда од Колумбија, Шакира, заедно со Бурна Бој од Нигерија ја исполнуваат официјалната химна на Светското првенство во фудбал 2026 – „Dai Dai“.

Истата веќе станува хит низ светот, но има сериозна конкуренција од песната “I Am from Bosnia – Take Me to America“ на босанскиот бенд, добро познат и кај нас – Дубиоза Колектив.

Песната е стара околу 15 години, а првично се викала „USA“, а сега е реиздадена.

Истата повторно стана хит откако Босна и Херцеговина обезбеди историски настап на Првенството и нема врска со официјалните песни за Мундијалот, а за истата светот дозна благодарение на босанските навивачи и дијаспора во САД и Канада, каде заедно со Мексико, се одржува Првенството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се тројцата најскапо платени фудбалери на Светското првенство

МРТ за првпат нема да го пренесува Светското првенство во фудбал

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести