Вчера започна Светското првенство во фудбал, кое за првпат се одржува во три земји – САД, Мексико и Канада.
По тој повод „Форбс“ објави листа на најплатените фудбалери кои учестуваат на Првенството.
Очекувано, најплатен е португалски фудбалер Кристијано Роналдо (41). Неговиот годишен приход во периодот од јуни 2025 до јуни 2026 година изнесувал 300 милиони долари. Од нив, 235 милиони долари се од плата и бонуси како фудбалер, а 65 милиони долари се од приходи надвор од фудбалскиот терен.
Втор е аргентинец Лионел Меси (38) со вкупни приходи од 140 милиони долари, од кои 70 милиони ги заработува како фудбалер, а остатокот надвор од теренот.
Трет е французин Килијан Мбапе (27) со приходи од 95 милиони долари, од кои 70 милиони ги заработува како фудбалер, а 25 милиони надвор од теренот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МРТ за првпат нема да го пренесува Светското првенство во фудбал
Фото: Унсплеш













