Електронскиот систем за казнување “Безбеден град“ стартуваше со работа и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, што ги опфаќа Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) со него веќе се изречени над 150 казни за период од ден и пол, од кои најголем дел се за брзо возење.
Опремата за системот е сместена во новиот команден центар на СВР Велес, кој се наоѓа во простории што претходно ги користело Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба.
Фото: МВР














