Познати се имињата на сите кандидати за избор на нов градоначалник на Општина Брвеница.
До крајниот рок – ноќеска на полноќ, се поднесени шест кандидатски листи, четири на коалиции и две на група избирачи.
Како што информираа од Државната изборна комисија (ДИК), на престојните вонредни локални избори ќе учествуваат Јовица Радески, кој е кандидат на коалиција предводена од СДСМ, Јакуп Усеини, кандидат на коалиција предводена од Вреди, Стојанчо Радически, кандидат на коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Аркин Јахији, кандидат на коалиција предводена од ДУИ, Арифе Идризи, кандидатка на група избирачи и Душан Богдановски кандидат на група избирачи.
Изборите ќе се одржат на 18. октомври, а беа распишани поради смртта на градоначалникот Јовица Илиевски.














