Доц. д-р Жан Митрев на бесплатен вебинар за навремено препознавање и лекување на аортната стеноза

Доц. д-р Жан Митрев ќе зборува за аортната стеноза, симптомите и современите можности за лекување на бесплатниот вебинар во живо што Клиничката болница „Жан Митрев“ го организира во понеделник, на 14. септември 2026 година, со почеток во 11:00 часот, informiraat od tamu.

Заедно со тим од специјалисти од областа на кардиологијата и кардиохирургијата, д-р Митрев ќе објасни како настанува стеснувањето на аортната валвула, кои лица имаат зголемен ризик и зошто навременото поставување на дијагнозата е важно за зачувување на функцијата на срцето.

Аортната стеноза може долго време да се развива без изразени симптоми, бидејќи срцето постепено се приспособува на намалениот проток на крв. Токму затоа, отежнатото дишење, нелагодноста или болката во градите, краткотрајното губење на свеста и необјаснетиот замор не треба секогаш да се припишуваат на возраста или на физичката неактивност. Овие тегоби може да бидат предупредувачки знаци дека стеснувањето на валвулата веќе го оптоварува срцето.

Покрај доц. д-р Жан Митрев, FETCS, специјалист по општа хирургија и супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија, на вебинарот ќе учествуваат и д-р Никола Христов, FEBTCS, специјалист по општа хирургија и супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија, д-р Вилма Ампова Соколов и д-р Енвер Идоски, специјалисти по интерна медицина и супспецијалисти по кардиологија, како и д-р Горазд Коњановски, специјализант по кардиохирургија.

Во интерактивниот дел, учесниците ќе можат да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од медицинскиот тим.

Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.

Пријавувањето е достапно на: webinar.zmc.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести