Аутомакедонија АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила нето добивка по оданочување од 27 милиони денари, која е зголемена за 10% во однос на истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Оперативната добивка на Друштвото изнесува 28 милиони денари, што е зголемување за 26% во однос на истиот период лани.
-Финансиските приходи се намалени за 61% како резултат на помали приходи од дивиденди од поврзани друштва. Финансиските расходи се намалени за 34% како резултат на намалување на краткорочните кредити, што резултира со добивка пред оданочување од 27,5 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Аутомакедонија во првото полугодие
Аутомакедонија ќе продава имот во Белград














