(Вознемирувачко видео) Авион на „Ер Индија“ се урна по полетувањето, загинаа најмалку 242 лица

Авион на „Ер Индија“ се урна денеска по полетувањето од аеродромот во Ахмедабад во Индија.

Во истиот имало 242 лица, вклучувајќи го и екипажот. Никој, според првичните информации, не преживеал.

Авионот се урна во трпезарија на хостел во кој престојуваат медицински лица и студенти по медицина, при што има загинати и таму, но бројот не е познат.

Во авионот најголем дел од патниците биле од Индија, но има и државјани на Велика Британија, Канада и Португалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 40-годишен Британец е единствениот преживеан по уривањето на авионот на „Ер Индија“

Фото: Унсплеш/видео: Guardian News/The Sun

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести