Беџети за кривичната: Нарачaните пријави не ме заплашуваат

Во врска со кривичната пријава од Управата за финаниска полиција на Фејсбук се огласи поранешниот градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за екс градоначалникот на Сарај, Беџети и седум лица за злоупотреба на службената положба

Тој вели дека не се плаши и обвинува за обвинува за политички конструкции.

-Не мислете дека со овие „операции“, политички конструкции, фабрикувани кривични пријави или обиди за уцена можете да ме вратите назад, да ме исплашите или да ме натерате да отстапам од моите политички ставови, пишува тој, посочувајќи меѓудругото дека поминал многу поголеми политички притисоци од овие.

-Не отстапив тогаш и нема да отстапам ниту денес. Нарачaните пријави не ме заплашуваат. Напротив, ми даваат уште поголем мотив да останам на страната на граѓаните и да се борам за отчетност, правда и демократија.

Јас не се плашам. Вистината не се затвора со политички пријави, пишува тој.

Фото: Беџети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести