Кој е Беким Сали, кој ќе биде прв вицепремиер

Беким Сали од коалицијата Вреди ќе биде нов прв вицепремиер.

Тој доаѓа на местото на Изет Меџити, кој стана градоначалник на Општина Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов прв вицепремиер ќе биде Беким Сали

Засега не е познато кој ќе биде нов министер за животна средина и просторно планирање, уште една функција која ја извршуваше Меџити.

Вреди најверојатно ќе го добие и оваа министерство и ќе држи вкупно седум.

Кој е Сали

Сали завршил средно медицинско училиште во Скопје, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Тој е доктор по стоматологија и управител на приватна стоматолошка ординација.

Член е на Стоматолошката комора, на Здружението на албански стоматолози и на Здружението на албански имплантолози.

Покрај албански јазик, зборува и македонски, англиски и турски јазик.

Политичка кариера

Од 2009 до 2010 година ја извршувал функцијата шеф на Кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

На локалните избори во 2021 година, Сали беше кандидат за градоначаник на Општина Чаир од редовите на Алтернатива.

Во периодот од јануари 2022 година до февруари 2023 година тој беше министер за здравство.

Во мај лани откако Африм Гаши се повлече од лидерската позиција тој стана лидер на Алтернатива. Претходно беше потпретседател на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир

Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат

Фото: Фејсбук/Сали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести