Бети Стаменкоска Трајкоска е новата градоначалничка на скопската општина Кисела Вода. Таа беше избрана во првиот круг од локалните избори.
Таа е и единствената жена која стана градоначалник во првиот круг.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Која е Стаменкоска Трајкоска
Родена е на 19. април 1977 година во Скопје.
Трајкоска е дипломирана професорка по географија на Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје.
Магистрирала менаџмент на човечки ресурси.
Член е на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и е актуелна пратеничка на партијата.
За првпат беше избрана за пратеничка во македонското Собрание во 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Иван Јорданов, старо-новиот градоначалник на Штип
Кој е Тони Коњановски, старо-новиот градоначалник на Битола
Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат
Фото: Фејсбук/Стаменкоска Трајкоска














