„Безбеден град“ утре ќе се тестира во Куманово и Тетово

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Куманово и Тетово.

„Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За кои прекршоци ќе се казнува со “Безбеден град“ од 1.февруари

Казна ќе добивате на СМС порака или на мејл: Како ќе се казнува за сообраќајни прекршоци со “Безбеден град“

Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести