Бидете дел од фитнес авантурата под отворено небо со Реплек и Елена Бубало

Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено, информираат од таму.

Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи на 28. јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток од 18:30 часот.

Настанот има за цел да поттикне активности кои ќе го подигнат нивното на метална и физичка добросостојба кај граѓаните и ќе го подобрат нивото на општото здравје.

Сесијата ќе биде прилагодена за сите возрасти, без оглед на претходната физичка подготвеност на учесниците. Ќе можат да се вклучат и родителите со помали деца, бидејќи за најмладите е предвидено детско катче.

Дополнителна мотивација за фитнес ќе биде и поддршката од македонските диџеи – диџеј Брик и диџеј Александар Јорданов, кои ќе имаат свој настап во рамките на настанот.

Настанот е отворен за јавноста. Пријавувањето за лицата кои сакаат да вежбаат се врши на следниот линк: shorturl.at.

Ова е веќе четврто издание на настанот во рамките на „РЕсет“ платформата, чија цел е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на ментално и физичко здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области.

Минатиот месец се одржа работилницата за добросостојба во соработка со д-р Александар Митов, на која учесниците имаа можност да стекнат практични совети за здрава исхрана и управување со стресот, а претходно вакви работилници беа организирани и со алпинистиката Илина Арсова, како и со Борче Стаменов од “Донирај компјутер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести