Како работел БИМ од Свети Николе во третиот квартал

БИМ АД Свети Николе во првите девет месеци од годинава остварил нето добивка од 19.027.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-За деветте месеци остварен е приход од продажба во износ од  499.806.000 денари. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 51%, додека од странскиот пазар со 49%.

Оперативните расходите за првите девет месеци од оваа година изнесуваат 471.567.000 денари. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 406.264.000 денари, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести