Во Кавадарци почна да се гради био пазар, прв од ваков вид во Тиквешкиот регион

Во Кавадарци почна да се гради био пазар, прв од ваков вид во Тиквешкиот регион

Како што информираа од Општината, проектот има за цел да обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите.

Во истиот ќе има простори за продажба на органски јаткасти плодови, мед, преработки и домашни прозводи, сирење, кашкавал, урда, путери од јаткасти плодови и слично.

Објектот ќе биде поделен на 15 деловни единици.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести