Битола добива поддршка за дигитализација: 100 бизниси со бесплатни Soft POS решенија и бизнис картички

Компанијата Visa, во партнерство со Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија, Халк Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, ја започнува програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“, иницијатива наменета за поддршка на микро, мали и средни претпријатија во Битола.

Програмата има цел да ја забрза дигитализацијата на локалните бизниси и да го поддржи растот на локалната економија преку имплементација на современи решенија за безготовинско плаќање.

Конкурсот е отворен за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да воведат дигитални плаќања во своето работење. Пријавувањето е отворено од 22 јуни и трае до 31. август 2026 година.

Што добиваат учесниците во програмата?

Бизнисите кои ќе се пријават во рамки на програмата за време на кампањата, која ќе се реализира од јуни до август оваа година, ќе имаат можност да добијат Soft POS терминал без месечен надомест за одржување и без провизија по трансакција во период од три месеци од денот на инсталацијата.

Дополнително, на секој бизнис ќе му биде издадена Visa Business Debit картичка, ослободена од годишна членарина во првите 12 месеци од издавањето.

Како да се пријавите?

Заинтересираните претпријатија можат да се пријават директно во локалните експозитури на Халк Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да го унапредат своето работење и да го дигитализираат својот бизнис.

„Битола е град со силен идентитет и традиција, но и со претприемачи кои јасно ги препознаваат можностите што ги носи современата економија. Според податоците од Visa B2B истражувањето за моменталната употреба и ставовите кон дигиталните плаќања во Северна Македонија практично секое второ претпријатие кое вовело дигитални плаќања бележи раст на бројот на купувачи, додека дури 85% потврдуваат дека таа одлука им донела поголема вредност и профит.

Токму затоа, заедно со нашиот институционален партнер – Министерството за дигитална трансформација, како и со нашите имплементациски партнери НЛБ Банка и Халк Банка, преку програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“ сакаме дополнително да го забрзаме овој моментум и да им овозможиме на претприемачите без почетни трошоци да ги искористат придобивките од дигитализацијата.

Нашата цел е јасна – да ги зајакнеме локалните бизниси, да го унапредиме корисничкото искуство и да придонесеме за понатамошно позиционирање на Битола како модерен, отворен и туристички атрактивен град“, изјави по овој повод Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерална директорка на Visa за Југоисточна Европа.

„Дигитализацијата мора да носи конкретна корист за граѓаните и компаниите. Преку решенија како безготовинското плаќање и Soft POS терминалите, локалните бизниси добиваат поедноставен и помодерен начин на работа, а граѓаните побрза, посигурна и подостапна услуга.

Истовремено, дигиталните плаќања придонесуваат за поголема транспарентност, формализација на економијата и намалување на просторот за злоупотреби и корупција“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Истовремено, експанзијата на туризмот во Северна Македонија, со раст на бројот на странски посетители од 9,3% во 2025 година, ги прави дигиталните плаќања сè поважен стандард за посетителите.

„Како банка која континуирано инвестира во развојот на современи платежни решенија, особено нè радува што преку иницијативата CashLess Bitola, реализирана во соработка со Visa, дополнително придонесуваме кон дигитализацијата на локалната економија и поттикнувањето на безготовинските плаќања.

Денес, во сегментот на правни лица, Халкбанк опфаќа 24% од пазарот во делот на картичните плаќања, што претставува јасен показател за довербата на компаниите во нашите решенија. Токму затоа и остануваме посветени на создавање услови кои ќе го олеснат секојдневното работење на бизнисите и ќе придонесат за понатамошен развој на дигиталниот платежен екосистем.

Особено сме горди што во рамките на оваа иницијатива ќе се користи и нашата услуга Mobi POS, која уште од самиот почеток предизвика значителен интерес кај деловната заедница. Веруваме дека нашиот Mobi POS ќе биде природно надополнување на претприемачкиот и еснафски дух по кој Битола е препознатлива, овозможувајќи им на трговците поедноставно, побрзо и подостапно прифаќање на картични плаќања.

Халкбанк како банка внимателно ги следи потребите на пазарот и уверени сме дека пошироката примена на нашите дигитални решенија ќе придонесе за подигнување на свеста за придобивките од безготовинското плаќање, но и за создавање поефикасна, поконкурентна и поиновативна бизнис средина во земјата“, изјави Атила Селим, директор на Дигитално банкарство и картично работење во Халкбанк.

Visa B2B истражувањето спроведено во јуни минатата година, исто така, покажа дека две третини од бизнис лидерите во Битола го доживуваат вложувањето во дигитални технологии како директна инвестиција во раст, а не како трошок.

„Во НЛБ Банка континуирано инвестираме во решенија што им овозможуваат на микро, малите и средни претпријатија да работат поефикасно, побезбедно и поусогласено со современите потреби на пазарот. Како лидер на пазарот во дигиталните банкарски услуги, наша цел е да овозможиме едноставни, достапни и современи решенија што носат реална вредност за бизнисите и за нивните клиенти.

Преку учеството во програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“, сакаме да им помогнеме на локалните бизниси полесно да го направат следниот чекор кон дигитализација, без дополнителен товар во почетната фаза. Веруваме дека достапноста на едноставни и практични платежни решенија значи подобро корисничко искуство, поголема конкурентност и нови можности за раст на претпријатијата“, истакнува претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.

Програмата „Вредноста на безготовинското плаќање Битола“ е дел од пошироката иницијатива на Visa насочена кон унапредување на дигитализацијата на локалната економија и позиционирање на Битола како модерен и пристапен град за туристите и посетителите.

За компанијата Visa

Visa е глобален лидер во областа на дигиталните плаќања, која со своето работење ги олеснува трансакциите меѓу потрошувачите, трговците, финансиските и државните институции во повеќе од 200 земји и територии низ светот. Нашата мисија е да го поврземе светот преку најиновативната, најкомфорната, најсигурната и најбезбедната платежна мрежа, која им овозможува на поединците, компаниите и економиите да напредуваат. Веруваме дека економиите кои се инклузивни за сите и на секое место придонесуваат сите заедно да просперираат, а пристапот и инклузијата ги гледаме како темел на иднината на движењето на парите.

Погледнете повеќе на линкот.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести