Битолскиот суд одредил куќен притвор за Борче Марковски и уште еден осомничен за случајот РЕК Битола, Обвинителство ќе се жали

Битолскиот суд им одредил куќен притвор на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски и на уште еден осомничен, опфатени во новата истрага за злоупотреби во РЕК „Битола“. Основното Јавно обвинителство бара мерка ефективен притвор и од таму најавија жалба на одлуката на судот.

„Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО Битола за определување мерка притвор за двајцата осомничени и наместо тоа определи мерка куќен притвор. Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на Судот и ќе бара мерка ефективен притвор,“ велат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ  

Уапсен Борче Марковски, сопственикот на компанијата „Марковски компани“

За што се осомничени газдата на Марковски компани, вработен во компанијата и службени лица во РЕК Битола: Детали од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести