Кој е Борис Настов, новиот директор на „Улици и патишта“ Скопје

Скопските јавни претпријатија „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“ и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје добија нови директори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите директори на “Комунална хигиена“, „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и ЈСП „Скопје“

Борис Настов од страна на новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски е именуван за нов директор на „Улици и патишта“.

Кој е Настов

Настов веќе бил на оваа функција, девет месеци. Тој беше поставен на таа позиција на почетокот на мандатот на претходната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.

Откако ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се „скараа“, тој поднесе оставка, бидејќи не можел да работи со нејзе.

Тој е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство.

Бил на раководни позиции во Гранит АД Скопје, Бауер БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и во Министерство за финансии.

Фото: Фејсбук/Настов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести