Борислав Атанасовски именуван за в.д. член на УО на Алта банка Битола

Од Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола) преку Македонската берза информираа дека на 13. јануари истекла важноста на согласноста за именување на Даниела Ѓоршевска за член на Управниот одбор (УО) на Банката.

-До финализирање на постапката и пополнување на составот на Управниот одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност – член на Управен одбор на Алта банка АД Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Борислав Атанасовски, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта банка Белград купи нови акции на Алта банка Битола, сега поседува 95,13% од вкупниот број на акции

Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Фото: Алта банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести