Брисел ги прифатил возачите од Македонија како професионалци, информираше министерот за транспорт Алекасандар Николоски.
„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме.
После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи,“ информираше Николоски.
Заклучно со денеска транспортерите од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, четири денови по ред ги блокираа граничните премини поради систетмот за влез и излез од Шенген зоната на Европската унија (ЕУ), кој им овозможува престој во ЕУ од 90 дена во рок од 180 денови.
Транспортерите бараа зголемување на деновите за престој и да се третираат како професионалви, а не како туристи и мигранти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црногорските транспортери се повлекоа од блокадите на граничните премини, македонските продолжуваат
Четврти ден блокади на граничните премини заради правилата за влез и излез во Шенген зоната
Фото: Влада













