(Видео) Британскиот јутјубер Ричар Хејвард не потсети колку ѓубре има во Вардар

Британскиот јутјубер Ричар Хејвард, кој извесно време живее во Македонија и стана хит на Инстаграм со неговите видеа за Скопје и Охрид, со кои прави промоција на Македонија, многу подобро од тие што сме ги плаќале за тоа, засега не успева да ја оствари својата мисија со свој сплав да плови по реката Вардар, од Гостивар до Грција.

Тргна на авантурата со негов пријател, ама ѓубрето по пат ја прекина забавната мисија, а за тоа информираше и на социјалните мрежи.

„Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Ќе се обидеме повторно, но ќе тргнеме да пловиме од Скопје“, вели тој во видеото објавено на социјалните мрежи.

Тој беше дел и од неодамнешната акција за собирање ѓубре во Скопје, која ја организираа инфлуенсерот Стефан Лазаров и активистот Филип Ѓоргиев.

Хејвард можете да го следете на Инстаграм, и на неговиот канал на You tube.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Момче од Англија хит на Инстаграм со видеа од Македонија: Со гума пловеше по Вардар

Фото/видео: Инстаграм/Хејвард

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести