Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8% во октомври 2025 во однос на октомври 2024 година, информираа од Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2,8%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2,1%, Капитални производи за 5,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4,6%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, се намалил за 3,6%.
Фото: Унсплеш














