Бројот на странски туристи се зголемил за 15%

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,2 %, односно кај домашните туристи има намалување за 0,1 %, а кај странските има зголемување за 15,1 %. 

Во истиот период, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5 % така што кај домашните туристи има намалување за 0,5 %, а кај странските има зголемување за 11,5 %.

Во јули 2025 година бројот на туристите изнесува 209 932, а на ноќевањата 770 733. Од вкупниот број туристи во месец јули 2025 година, 42.1 % се домашни, а 57.9 % се странски.

Бројот на ноќевањата во јули 2025 година изнесува 770 733, од кои 69.2 % се од домашните туристи, а 30.8 % од странските туристи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести