Во Европскиот парламент денеска беше изгласан Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник, Томас Вајц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот јазик и идентитет избришани: Изгласан Извештајот на ЕП за Македонија
Од истиот се избришани македонскиот јазик и идентитет, кои во првичната верзија беа споменати на неколку места.
„Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата од 2022 година. Северна Македонија е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи.
Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ.
Извештајот нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува Северна Македонија да ги спроведе потребните реформи.
Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ. Како известувач, неуморно работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја.
За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели“, изјави Вајц по изгласувањето на Извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МНР