Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, оператор на двата рудници „Злетово“ и „Тораница“, поради зголемување на производството бара нови работници. Имајќи ја предвид континуираната потреба од свеж кадар во компанијата, огласот ќе остане активен во текот на целата година. Потребни се рударски работници, машинобравари и електричари.
„Компанијата за сите вработени обезбедува превоз и топол или ладен оброк, а секој вработен добива и соодветна заштитна опрема. Работата се изведува во три смени (07:00 – 15:00; 15:00 – 23:00; 23:00 – 07:00), а трудот во ноќна смена, недела и празници се плаќа согласно законската регулатива. За новите кадри се предвидени обуки и можности за унапредување, со што компанијата настојува за своите вработени да обезбеди не само сигурност на работното место, туку и професионален развој.
Заинтересираните кандидати може да достават пријава на е-пошта [email protected] или лично во управната зграда на компанијата во Пробиштип, на улица „Јаким Стојковски“ бр. 2. За дополнителни информации на располагање е и телефонскиот број 032/441-300,“ велат од компанијата.
„Булмак 2016“ ДООЕЛ е дел од бугарската групација „Минстрој Холдинг“ и ги управува двата рудници за оловно-цинкова руда во земјата, „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Со повеќе од 700 вработени, компанијата е еден од најзначајните работодавачи во источниот регион.
Годишното производство во рудниците под управување на „Булмак 2016“ изнесува над 600.000 тони руда, што значително придонесува за извозот на олово и цинк од Македонија. Рудникот „Злетово“ е воедно и најстариот рудник во земјата, со долгогодишна традиција која претставува дел од индустриското и културното наследство на регионот.
Рудниците претставуваат столб на локалната економија и важен извор на приходи за општините, а компанијата активно инвестира во заштита на животната средина и во подобрување на условите за своите вработени.