Наместо најавените 33% царини за Македонија од САД во април, земјава според новата извршна наредба од американскиот претседател Доналд Трамп доби 15% царини.
Од земјите во регионов пониски царини добија Црна Гора и Албанија, од по 10%, а повисоки – Србија од 35% и Босна и Херцеговина од 30%.
Словенија и Хрватска, како и другите земји членки на Европската Унија, пак добиваат царини од 15%.
По 15% царини добија и Исланд, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Турција, Венецуела и други.
Канада доби царини од 35%, Бразил 50%, Индија 25%, Швајцарија 39%…
Новите царини од 10% до 41% за 69 држави ќе почнат да важат за седум дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе ги укине царините за стоки од САД
Фото: еМагазин