Категорија: Македонија

Убиецот на припадникот на АРМ се уште во бегство, од претходно се бара со меѓународна потерница и за друго убиство

Убиецот на 50-годишниот Агим Мухареми, припадникот на македонската Армија, Муса Џавит, од претходно веќе се бара со меѓународна потерница и за друго убиство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за телевизијата 24. Џавит е се уште во бегство, а според телевизијата, тој најверојатно веќе ја напуштил Македонија. Претходно убиство за

Прочитај повеќе

Смртни закани добива Вајц од бугарски екстремисти поради Извештајот за Македонија

Специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, австрискиот европратеник, Томас Вајц и пред гласањето на Извештајот за напредокот на земјата, но и по неговото изгласување добивал смртни закани од бугарски екстремисти, откри тој во интервју за Канал 5. Тој вели дека неговиот приватен телефонски број бил споделуван во екстремно десничарски групи

Прочитај повеќе

Состојба со пожарите: Четири активни, кај Дојран сѐ уште гори

Денеска до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а осум се изгаснати. Активни се пожарите кај Дојран, Чучер Сандево, Велес и Македонски Брод. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Опожарени шест куќи кај Злокуќани, повреден малолетник, тројца полицајци побарале помош поради вдишување на чад Фото:

Прочитај повеќе

Милановиќ: Навредливо е кон Северна Македонија и Црна Гора да се каже дека Украина е најблиску до членство на ЕУ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничка прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев, изјави дека односите помеѓу Бугарија и Македонија се внатрешно политичко прашање. „Очигледно е дека се работи за интимен политички простор и на Бугарија и на Бугарите, како и на Македонците. Но, зошто велам дека тоа е внатрешно политичко

Прочитај повеќе

Села во Струга, Османи во Чаир, Таравари во Гостивар: Кои се кандидати за градоначалници на Европски фронт

Зијадин Села за Струга, Бујар Османи за Чаир, а Арбен Таравари за Гостивар, се кандидатите за градоначалници на коалицијата Европски фронт, објави Курир. Во Дебар, крилото на Села во Алијанса за Албанците ќе го кандидира Тирон Јајага, како и Дритон Небиу во Арачиново. ДУИ во Липково ќе оди со Еркан

Прочитај повеќе

Повторно електронски може да се закажува, термин за лична карта, пасош и возачка дозвола

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите, повторно ја направивме достапна електронската апликација за закажување термин за лична карта, пасош, возачка дозвола,“ објави министерот Стефан

Прочитај повеќе

Куќен притвор и мерки на претпазливост, одреди Судот за напаѓачите на Арсовска

Основниот кривичен суд Скопје му одреди осумдневен куќен притвор на С.Љ. – осомничен за физички и вербален напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. На второосомничениот, Судот му одреди мерки на претпазливост. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување

Прочитај повеќе

Целта на Бугарите како на Русите во Украина, не знам до кога ЕУ ќе ги трпи, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел што ја има руското раководство во Украина. „Тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инженеринг кој навистина најмалку треба да се случува во 21. век во Европа

Прочитај повеќе

По нападот и заканите по живот, МВР ѝ одобри 24 часовно обезбедување на Арсовска

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. „Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе

Прочитај повеќе

И бугарскиот премиер Жељазков, побара извинување од Мицкоски

По бугарското Министерство за надворешни работи, и премиерот Росен Жељазков побара премиерот Христијан Мицкоски да се извини за одговорот на навредата од бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев. „Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска

Прочитај повеќе

Koja e Даниела Димовска, која е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

Даниела Димовска, која беше на функцијата вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје една година, вчера од страна на Судскиот совет беше избрана за претседателка на Судот. За неа гласаа 11 членови на Советот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Даниела Димовска избрана за претседателка на Кривичниот суд во Скопје За позицијата

Прочитај повеќе

Девизните резерви на Македонија на крајот на јуни 4.9 милијарди евра

Податоците на Народната банка покажуваат дека на крајот на јуни, девизните резерви на Македонија изнесувале 4.936 милиони евра. Истите споредено со мај се намалени за 274 милиони евра или за 5,3%. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност – 73,8%, во монетарното злато – 15,8% и во

Прочитај повеќе

Марта Кос нема рецепт како да градиме добри односи со Бугарија која не ги признава македонскиот јазик и идентитет

Еврокомесарката Марта Кос, која денеска беше во посета на Македонија, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, повтори дека земјава мора да ги спроведе уставните измени за реално да ги почне преговорите, но и дека Европската унија (ЕУ) не може да даде гаранции дека во иднина за Македонија нема да

Прочитај повеќе

Десет компании ќе добијат подршка за да преку Македонската берза дојдат до капитал

До десет компании ќе добијат подршка за да преку Македонската берза привлечат капитал од различни видови инвеститори, вклучително и физичките лица. Проектот зад кој стојат Македонска берза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и PwC Северна Македонија, предвидува избраните компании да учествуваат на дводневна лидерска академија наменета за сопствениците

Прочитај повеќе

Наскоро достапна апликација која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство безбедно да побараат помош

Центарот за управување со кризи најави дека наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и попрецизна комуникација со службите за итни случаи преку системот 112. Истата ќе им овозможи на граѓаните директно да ја испратат својата точна локација од местото на

Прочитај повеќе

Трифун Костовски и син му Коста обвинети за стечајот на Еуростандард банка

Бизнисменот Трифун Костовски и со неговиот син Коста Костовски се меѓу четворицата обвинети за стечајот на Еуростандард банка АД Скопје. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести