Koja e Даниела Димовска, која е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

Даниела Димовска, која беше на функцијата вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје една година, вчера од страна на Судскиот совет беше избрана за претседателка на Судот.

За неа гласаа 11 членови на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниела Димовска избрана за претседателка на Кривичниот суд во Скопје

За позицијата имаше уште еден кандидат – Ивица Стефановски, кој работи во истиот суд.

Димовска, пред да стане в.д. претседател беше судија во Одделението за организиран криминал и корупција во судот.

Образование

Родена е на 29. јуни 1985 година во Кочани.

Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје во 2007 година, како најдобар студент на генерацијата.

Во периодот од 2006 до 2010 година на факултетот била ангажирана како демонстратор по предметот трудово право.

На овој факултет и магистрирала, а има завршено и Академија на судии и јавни обвинители.

Има положено правосуден и нотарски испит.

Работно искуство

Според нејзината биографија во периодот од 2005 до 2006 година била ангажирана како практикант во македонското Собрание, каде работи од од 2007 година до 2013 година.

Во 2010 година станала член на Комисијата за заштита од дискриминација.

Во септември 2016 година станала судија во Основен кривичен суд Скопје и работи како судија на претходна постапка.

Во периодот од 2021 година до 2022 година е судија за извршувње на санкции, од 2022 година до 2023 година работи во Одделението за кривично полнолетни, а од 2024 година до изборот за в.0д. претседател на Судот, беше судија во Одделението организиран криминал и корупција.

Во 2022 година е избрана за арбитер во спортско арбитражниот суд на Олимпискиот комитет на Македонија, а потоа и за претседател на Комисијата за уништување на дрога и други наркотични средства.

Во 2024 година станала заменик член на Државната комисија за спроведување на правосуден испит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Даниела Димовска, која е избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Фото: Основен кривичен суд Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести