(Фото) Целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ, се реновира и КАРИЛ

Целосно е реновиран болнички оддел на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Во рамки на инвестицијата, е извршена замена на сите прозорци, врати, подови, а се поставени и нови кревети за пациентите, со што одделот е комлетно обновен после повеќе од 20 години, информираа од Министерството за здравство.

Во напредна фаза е и реновирањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), која ќе биде опремена со најсовремена апаратура за интензивно лекување, ќе се реновира оперативниот блок, а во следната година спиналниот центар за операции на рбетен столб ќе добие најнова апаратура со навигација со автоматизирана роботска рака.

Во тек е и набавка на најнова апратура, Декса скен за дијагностика на остеопороза и густина на коската.

-Донесени се нови борили за операции, две анестезиолошки машини кои ќе ги заменат 20-годишни старите апарати, најнов систем за вонтелесно прочистување на крвта, електро каутер за операции со аргон, кој се користи при операции на тумори за безкрвно отворање на оперативното поле.

Направен е сервис, оспособени се три рендген апарати кои беа надвор од функција и се набавува нов рендген, набавена е заштитна опрема од радијационо зрачење, која со донација е за заштита на персоналот кој работи во оперативниот блок под рендген апарати.

Седумгодишниот проблем со климатизацијата на оперативните сали на Трауматологија е решен со поставување две клими за медицинска употреба со сите филтри кои ги задоволуваат стандардите. Набавени се со донација со што се намали бројот на инфекции од несоодветната климатизација.

Ставен е нов елетростатски под во едната сала која не ги задоволуваше мерните стандарди, информираше денеска директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести