Цените во најпознатата туристичка дестинација во Македонија, Охрид, оваа година уриваат рекорди, пренесува телевизијата 24.
Па така, кафе покрај Охридското Езеро ќе Ве чини најмалку 3 евра, пица се продава за најмалку 8 евра, топче сладолед и за 2 евра, црешите за 5 евра, а најевтиниот коктел е 6,5 евра, пренесува телевизијата.
Социјалните мрежи и годинава се преплавени со реакции за високите цени и во угостителските објекти и хотелите.
Токму поради високите цени за хотелските алл инкулузив понуди годинава од Охрид се откажаа тур оператори од Холандија и Полска.