На територијата на државата активни се пожарите во општините Василево, Радовиш, Берово, Прилеп и Кавадарци, информираа од Центарот за управување со кризи.
Под контрола се пет пожари.
Чешкиот хеликоптер „блек хок“ ќе го гасне пожарот на планината Готен.
Покрај воздушната поддршка, во близина на Берово веќе пристигна и конвојот од 61 словенечки пожарникари, кој се движи со 18 возила, меѓу кои има и специјализирана опрема за гаснење на шумски пожари во непристапен терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка и Словенија ќе испраќаат помош за гаснење на пожарите
Фото: АРМ