Четири услуги поврзани со здравственото осигурување ќе може да се добијат онлајн

Четири услуги од областа на здравственото осигирување, од кои три за физички и една за правни лица се достапни онлјан, односно на порталот uslugi.gov.mk.

За физичките лица воведени се потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа, а за правните лица овозможена е електронската услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување.

Услугите денеска ги промовираа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски

Андоновски потенцираше дека корисниците на порталот на ФЗО автоматски се воведуваат во системот за единствена најава ССО, додавајќи дека граѓаните добиваат можност со еден кориснички профил непречено да се движат и користат услуги на различни институционални портали, без повторно најавување и без дополнителни административни бариери.

Од денес Фондот за здравство е и технички поврзан со Централниот регистaр на населението, што ќе се применува при пријава и одјава на здравствено осигурување, утврдување својство на осигурено лице, боледување, бременост и раѓање, лекување во странство, двојазични обрасци, рефундации, потврди и други права и обврски во надлежност на ФЗОМ.

Од денеска на порталот се достапни и потврдите, односно извод од матична книга на родени, матична книга на венчани, умрени и новата услуга слободна брачна состојба.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести