Четврти ден блокади на граничните премини заради правилата за влез и излез во Шенген зоната

И денеска, четврти ден по ред, продолжуваат блокадите за товарниот сообраќај на граничните премини во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Хецеговина поради системот за влез и излез (ЕЕС) во Шенген зоната на Европската унија (ЕУ).

Транспортните превозници најавија дека блокадите ќе траат седум дена.

Бараат ЕУ да им дозволи да престојуваат во Шенген зоната повеќе од предвидените 90 дена во период од 180 дена и да добијат посебен статус, а не да бидат третирани како туристи и мигранти.

Бројни компании од Македонија и од регионот веќе бележат големи штети од блокадите.

ЕУ досега не најде решение за нивните барања.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести