Од Проектот Среќа информираа дека две машки дечиња, од кое едното има 13 години а другото 18 години, пред скоро време останале без татко, а пред неколку дена починала и нивната мајка.
Поголемото дете работело, но земало мала плата и за жал не им стигнува за се.
Потребна им е храна, хигиенски производи и материјални средства.
Децата се од Скопје.
-Сите кои сакате да донирате пишете ни порака, а ние ќе Ви дадеме податоци и контакт. Ве молиме споделете го овој пост да стигне до што повеќе луѓе!, велат од таму.
На Проект Среќа пишете им ОВДЕ.
Фото: Унсплеш