Денес започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм.
Македонскиот документарец „Приказната за Силјан„ на Тамара Котевска го помина првиот круг, а во вториот, публиката има клучна улога. Наградата се доделува врз основа на освоениот број на гласови.
„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Тоа нека биде мотив да бидеме поангажирани и да ги дадеме своите гласови.
Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година. Во документарниот свет, ова признание може да биде предвесник за следниот голем успех – влез во најтесниот избор за Оскар. Затоа секој глас е важен и може да има значително влијание врз патот на филмот.
Сега е моментот Македонија повторно да се обедини и да покаже колку силно стои зад своите автори.
Сите сме за Силјан, сите сме за Тамара Котевска.
Гласањето се затвора на 16.12.2025 во 02.00 часот.
Гласајте тука: cinemaeyehonors.com.
Дали „Приказната за Силјан“ ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе биде објавено на 16. декември во 22.00 часот од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двоен триумф на „Силјан“ на Котевска: Се закити со најпрестижните IDA награди во Лос Анџелес













