Да помогнеме на семејство од Куманово, за храна, сметки и кирија

Марио и Ангела од Куманово имаат потреба од помош, бидејќи немаат доволно средства за храна, заостанати сметки и кирија.

„Марио, кој поради дисфункционално семејство израснал во дом, секоја година од Дедо Мраз барал кога ќе порасне да има свое чедо и да го направи најсреќното дете на свет. Дедо Мраз желбата му ја исполнил, Марио има преслатка 19 месечна ќеркичка, со очи како маслинки.

Ама, Марио не може да ја направи најсреќна. Тој работел и се грижел за своето семејство до скоро. Една повреда на работно место ја активира старата повреда на кичмата, со болката стига и отказно решение. Сега бара работа, било каде, само да работи.

Живеат во Куманово, во куќичка во која е скоро па невозможно да се исправиш, се греат на минијатурна греалка, влагата е единствениот декор по ѕидовите. Примања никакви, од никаде. Нема блиски роднини за помош, а и тие што ги има, се само имиња.

Мама Ангела не вели ништо. Молчи. Се крши. Само на крај рече: најтешко ми е кога ќе ми рече детето “ам,ам”, а немам што да и дадам…….. Елката, каква-таква е накитена, да се радува кукличката. Ама мешето е празно!

Да помогнеме, да светнат очињата на ова дете, да дојде и нејзиниот Дедо Мраз! Средствата ќе се употребат за храна, покривање на заостанати сметки и кирија,“ се вели во апелот за помош на ecrowd.mk.

Линк за донација ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести