Даид има тешка повреда на вратната кичма, да му помогнеме да застане на нозе

Давид има само 15 години и животот за миг му се промени поради тешка повреда на вратната кичма – 5. и 6. вратен пршлен, во Охрид.

„Наместо безгрижни тинејџерски денови, тој започна тешка борба за своето здравје и иднина. По долго и исцрпувачко лекување во Скопје, Давид го продолжи лекувањето во Турција, каде што му беше извршена и операција.

Денес, најголемиот предизвик е пред него – долг, макотрпен и скап процес на рехабилитација, од кој зависи неговото понатамошно закрепнување.

Желбата на Давид е едноставна, но силна: повторно да застане на нозе, да се врати во школските клупи и на тренинзите по таеквондо, спортот кој го сака и кој му дава сила да не се откаже.

Семејството, по сите досегашни третмани и операции, е финансиски целосно исцрпено. За да продолжи рехабилитацијата и Давид да ја добие шансата за подобро утре, потребни се 12.000 евра,“ се вели во апелот за помош на ecrowd.mk

За донации ОВДЕ.

Фото: ecrowd.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести