Од Македонско еколошко друштво (МЕД) ја претставија мобилната апликација PelicanWatch – дигитална алатка за сите љубители на дивиот свет и набљудувањето птици, создадена од нивните партнери од Society for the Protection of Prespa (SPP).
Што можете да направите со PelicanWatch?
-Забележавте пеликан додека лови риба? Документирајте ја неговата успешност при исхраната, споделете ги вашите набљудувања и помогнете ни да разбереме кои влажни живеалишта се клучни за нивниот опстанок.
Видовте пеликан со алка? Кажете ни! Регистрирајте го вашиот увид и поддржете ја науката во следењето на нивните движења.
Преземете ја PelicanWatch од Playstore, приклучете се на нашата заедница и бидете дел од мисија што ја обединува љубовта кон природата и науката, велат од таму.
Линк за преземање: play.google.com.













