Нова директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е Даниела Лазарова Иротова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лазарова Иротова доаѓа на оваа позиција, откако нејзиниот претходник Илија Стоилев беше осомничен за случајот за поткуп со средствата од ИПАРД-програмата. Тој моментално е во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Лазарова Иротова
Родена е на 4.4.1974 година во Скопје.
Таа е дипломиран инженер по општо шумарство, на Факултет за шумарство и дрвна индустрија при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Исто така е Магистрант на катедрата за „Управување со сливните подрачја и природните непогоди (земјиште и вода) во шумските екосистеми“ на Шумарскиот факултет при Универзитетот„Кирил и Методиј“- Скопје.
Лазарова Иротова е и поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во периодот од 2008 до 2011 била пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.
Зборува англиски јазик и има основно познавање на германскиот јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Лазарова Иротова













