Даниела Лазарова Иротова e нова директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Даниела Лазарова Иротова e нова директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Таа е назначена на функцијата на последната владина седница одржана минатата недела, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Доаѓа на местото на Илија Стоилев, кој заврши во притвор за случајот со поткуп со парите од ИПАРД-програмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Каков имот пријавил Илија Стоилев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој заврши во притвор

Што е ИПАРД?

Фото: Фејсбук/Лазарова Иротова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести