Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1,390 пријавени спортисти.
Во финалната борба до 84 килограми во У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2.
До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги оствари следните резултати против: Космин Дуеску (Романија) 4-0; Ѓорге Дурутовиќ (Црна Гора) 1-0; Георгиос Чацопулос (Грција) 3-2.
















