
Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија
Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4. место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13. јуни



























