Дански „Флајинг Тајгер Копенхаген“ во октомври ќе отвори продавница во Скопје

Данскиот малопродажен бренд „Флајинг Тајгер Копенхаген“, кој во соседството е присутен во Грција, во октомври ќе ја отвори својата прва продавница во Македонија, во Скопје, информираа од Групацијата „Балфин“, која влезе во стратешко партнерство со брендот за отворање на 50 продавници во регионот на Западен Балкан во следните четири години.

Освен во Македонија, „Флајинг Тајгер Копенхаген“ ќе отвори продавници и во Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Брендот е веќе присутен и во Турција.

„Флајинг Тајгер Копенгахен“ (Flying Tiger Copenhagen) е основана во 1995 година.

Има над 1.000 продавници во 38 земји низ светот. Асортиманот вклучува различни категории на производи како декорации за дом, кујнски прибор, играчки, канцелариски прибор, материјали за забави и сезонски производи за празнични прослави.

За повеќе информации, посетете ја: www.flyingtiger.com.

Групацијата „Балфин“ (Balfin Group) е основана во 1993 година во Виена, Австрија, од Самир Мане.

Денес е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и САД.

Групацијата има 5.500 вработени и има диверзифицирано инвестициско портфолио кое вклучува банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, енергетика, транспорт и логистика, образование, како и сектор на забава.

Фото: Flying Tiger Copenhagen

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести