Дебарски бањи – Цапа АД Дебар во првите шест месеци од годинава од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари загуба од 5.067 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Лани Друштвото имаше загуба од 9,984 милиони денари.
Вкупните приходи изнесуваат 76.621 милиони денари и се зголемени за 8.41% споредено со истиот период лани.
Вкупните трошоци од редовното работење изнесуваат 80,728 милион денари и се зголемени за 1.44%.
Фото: Дебарски бањи – Цапа/Фејсбук